Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во трговијата на мало, прво тримесечје од 2017 година
среда, 12 април 2017
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во првото тримесечје од 2017 година е зголемен за 0.2 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а е зголемен за 1.1 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2016 година.
Eкономската состојба на деловните субјекти во првото тримесечје од 2017 година е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна во однос на истото тримесечје од 2016 година. Се очекува дека ќе биде поповолна во наредните две тримесечја. Количината на залихите е намалена во однос на претходното тримесечје.
Финансиската состојба во првото тримесечје од 2017 година е поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2016 година, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е дека ќе се намалат, а очекувањата за бројот на вработените се дека ќе се зголеми.
Продажните цени во првото тримесечје од 2017 година се намалиле во однос на четвртото тримесечје од 2016 година, а се очекува нивно намалување и во наредните 3 месеци.
Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на првото тримесечје од 2017 година имале: слабата побарувачка од купувачите со 31.6%, зголемената понуда на пазарот со 17.6% и зголемената конкуренција на пазарот со 12.5%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика