Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во трговијата на мало, четврто тримесечје од 2015 година

вторник, 09 февруари 2016


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во
четвртото тримесечје е зголемен за 0.3 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а зголемен за 1.1
процентен поен во однос на истото тримесечје од 2014 година.


Eкономска состојба на деловните субјекти во четвртото тримесечје од 2015 година е поповолна во однос на
претходното тримесечје, како и во однос на четвртото тримесечје од 2014 година. Се очекува дека ќе биде
поповолна во наредните две тримесечја. Количината на залихите е зголемена во однос на претходното
тримесечје.


Финансиската состојба во четвртото тримесечје од 2015 година е поповолна во однос на третото тримесечје од
2015 година, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е дека тие ќе се намалат, а очекувањата
за бројот на вработените е дека ќе биде зголемен.


Продажните цени во четвртото тримесечје од 2015 година се зголемиле во однос на претходното тримесечје
од 2015 година, а очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци се дека ќе бидат намалени.


Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на четвртото
тримесечје од 2015 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 24.4%, зголемена конкуренција со
16.4%, зголемената понуда на пазарот со 14.0% и нема со 9.7%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 652

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика