Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во трговијата на мало, трето тримесечје од 2015 година

понеделник, 16 ноември 2015


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во
третото тримесечје е зголемен за 0.1 процентен поен во однос на претходното тримесечје, а за 1.4 процентни
поени е зголемен во однос на истото тримесечје од 2014 година.
Eкономската состојба на деловните субјекти во третото тримесечје од 2015 година е речиси на еднакво ниво
како во претходното тримесечје, а е поповолна во однос на третото тримесечје од 2014 година. Се очекува дека
ќе биде поповолна во наредните две тримесечја. Количината на залихите е зголемена во однос на претходното
тримесечје.
Финансиската состојба во третото тримесечје од 2015 година е поповолна во однос на второто тримесечје од
2015 година, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е дека ќе се намалат, а очекувањата за
бројот на вработените се дека ќе се зголемат.
Продажните цени во третото тримесечје од 2015 година се исти како и во претходното тримесечје од 2015
година, а очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци се дека ќе се зголемат.
Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на третото
тримесечје од 2015 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 23.1%, добивањето на банкарски
кредити со 15.1% и зголемената понуда на пазарот со 13.4%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 652

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика