Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Оценка на раководителите на деловните субјекти во областа
на трговијата на мало за нивната економска состојба
во четвртото тримесечје од 2014 година
понеделник, 16 февруари 2015
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оценија дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во четвртото тримесечје од 2014 година е понеповолна во однос на третото тримесечје од 2014 година, а понеповолна и во однос на четвртото тримесечје од 2013 година. Раководителите на деловните субјекти оценија дека нивната финансиска состојба во четвртото тримесечје од 2014 година е понеповолна во однос на третото тримесечје од 2014 година, a очекувањата за економската состојба во наредниот период се поповолни во однос на претходното тримесечје. Раководителите на деловните субјекти оценија дека количината на залихите во текот на четвртото тримесечје од 2014 година е намалена во однос на претходното тримесечје. Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период се дека ќе се зголемат, а очекувањата за бројот на вработените се дека ќе се намали. Раководителите оценија дека движењата на продажните цени во четвртото тримесечје од 2014 година забележаа зголемување во однос на претходното тримесечје. Во четвртото тримесечје од 2014 година, во споредба со претходното тримесечје, очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци се дека ќе се намалат. Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на четвртото тримесечје од 2014 година имаа: слабата побарувачка на купувачите со 33.1%, зголемената понуда на пазарот со 15.8%, зголемената конкуренција со 15.4% и друго (нелојална конкуренција, слаба наплата) со 11.0%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 652
е-пошта:
ketrin.strezovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика