Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во областа на трговијата на мало за нивната сегашна економска состојба во третиот квартал од 2010 година

вторник, 16 ноември 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека сегашната економска состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во третиот квартал од 2010 година е поповолна во однос на третиот квартал од 2009 година, како и во однос на вториот квартал од 2010 година. Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во третиот квартал од 2010 година е многу поповолна во однос на вториот квартал од 2010 година. Нивните очекувања за економската состојба во наредниот период се малку понеповолни.

Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на третиот квартал од 2010 година е малку зголемена во однос на вториот квартал од 2010 година. Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период се поповолни, а очекувањата за бројот на вработените се многу пооптимистички во однос на претходниот квартал од 2010 година.Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во третиот квартал од 2010 година забележале намалување во однос на вториот квартал од 2010 година. Во третиот квартал од 2010 година, во споредба со претходниот квартал, оценката за очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци е дека ќе се зголемат. Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на третиот квартал од 2010 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 36.8%, зголемената конкуренција со 15.1%, зголемените финансиски трошоци (камати) со 10.2% и зголемената понуда на пазарот со 8.8%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика