Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Оценка на раководителите на деловните субјекти во областа на трговијата на мало за нивната економска состојба во вториот квартал од 2010 година
петок, 13 август 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во вториот квартал од 2010 година, е малку понеповолна во однос на вториот квартал од 2009 година, а многу поповолна во однос на првиот квартал од 2010 година. Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во вториот квартал од 2010 година е многу поповолна во однос на претходниот квартал од 2010 година. Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите, во текот на вториот квартал од 2010 година, е намалена во однос на првиот квартал од 2010 година. Нивните оценки за очекуваните порачки како и за бројот на вработените се понеповолни во однос на претходниот квартал.
Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во вториот квартал од 2010 година забележале мало зголемување во однос на првиот квартал од 2010 година. Оценката за очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци е малку попесимистичка во вториот квартал од 2010, во споредба со претходниот квартал. Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба
на деловните субјекти во текот на вториот квартал од 2010 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 36.8%, зголемените финансиски трошоци (камати) со 12.7% и зголемената понуда на пазарот со 11.6%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 847
е-пошта:
ketrin.strezovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика