Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во областа на трговијата на мало за нивната економска состојба во првиот квартал од 2010 година

петок, 14 мај 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во првиот квартал од 2010 година, е речиси непроменета во однос на истиот квартал од 2009 година, како и во однос на четвртиот квартал од 2009 година. Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во првиот квартал од 2010 година е понеповолна во однос на претходниот квартал. Нивните очекувања за економската состојба во наредниот период се пооптимистички. Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите, во текот на првиот квартал од 2010 година, е зголемена во однос на четвртиот квартал од 2009 година. Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период се многу поповолни, а очекувањата за бројот на вработените се пооптимистички во однос на претходниот квартал.

Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во првиот квартал од 2010 година забележале зголемување во однос на четвртиот квартал од 2009 година. Оценката за очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци е пооптимистичка во првиот квартал од 2010, во споредба со претходниот квартал. Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на првиот квартал од 2010 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 43.6%, зголемените финансиски трошоци (камати) со 11.4% и зголемената конкуренција на пазарот со 10.8%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика