Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во областа на трговијата на мало за нивната економска состојба во првото тримесечје од 2014 година

понеделник, 19 мај 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека
економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во првото тримесечје од
2014 година е поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2013 година година, а поповолна и во однос на
првото тримесечје од 2013 година.
Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во првото тримесечје од
2014 година е понеповолна во однос на четвртото тримесечје од 2013 година, a очекувањата за економската
состојба во наредниот период се на исто ниво како и во претходното тримесечје.
Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на првото тримесечје од
2014 година е намалена во однос на претходното тримесечје.
Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период, во однос на четвртото тримесечје од 2013
година, се дека ќе се зголемат, како и очекувањата за бројот на вработените.
Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во првото тримесечје од 2014 година забележале
зголемување во однос на претходното тримесечје.
Во првото тримесечје од 2014 година, во споредба со претходното тримесечје, оценката за очекувањата
за продажните цени во наредните 3 месеци е дека ќе се зголемат. Најголемо влијание на ограчувањето на
економската состојба на деловните субјекти во текот на првото тримесечје од 2014 година имале: слабата
побарувачка на купувачите со 32.6%, зголемената конкуренција со 17.4%, зголемената понуда на пазарот со
14.9% и друго со 7.8%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика