Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во второто тримесечје од 2013 година е поповолна во однос на првото тримесечје од 2013 година година а понеповолна во однос на второто тримесечје од 2012 година.
Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во второто тримесечје од 2013 година е понеповолна во однос на првото тримесечје од 2013 година, a очекувањата за економската состојба во наредниот период е на исто ниво со претходното тримесечје.
Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на второто тримесечје од 2013 година е зголемена во однос на претходното тримесечје.
Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период се дека ќе се зголемат како и очекувањата за бројот на вработените, во однос на првото тримесечје од 2013 година.
Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во второто тримесечје од 2013 година забележале намалување во однос на претходното тримесечје.
Во второто тримесечје од 2013 година, во споредба со претходното тримесечје, оценката за очекувањата за продажните цени во нардените 3 месеци е дека ќе се намалат. Најголемо влијание на ограчувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје од 2013 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 41.0%, зголемена понуда на пазарот со 14.5 % и зголемена конкуренција со 11.8%.