Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Оценка на раководителите на деловните субјекти во градежништвото за економската состојба во третото тримесечје од 2012 година
понеделник, 05 ноември 2012
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во третото тримесечје од 2012 година како поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на истото тримесечје од 2011 година. Оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е дека е подобра во однос на претходното тримесечје, а подобра и во споредба со истото тримесечје од претходната година.
Во третото тримесечје од 2012 година, очекувањата за бројот на вработените во наредниот период се понеповолни, оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е понеповолна во споредба со претходното тримесечје, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се подобрени. Во наредниот период се очекува намалување на продажните цени.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат следните фактори: зголемените трошоци за материјали со 29.5%, конкуренцијата во сопствениот сектор со 16.5%, зголемените финансиски трошоци(камати) со 13.5% и немањето на побарувачка со 12.4%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 847
е-пошта:
ketrin.strezovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика