Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во градежништвото за економската состојба во второто тримесечје од 2012 година

петок, 03 август 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти од
областа на градежништвото ја оценија економската состојба во второто тримесечје од 2012 година
како поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на истото тримесечје
од 2011 година. Оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е подобра во
однос на претходното тримесечје, а подобра е и во споредба со истото тримесечје од претходната
година.


Во второто тримесечје од 2012 година, очекувањата за бројот на вработените во наредниот период
се поволни, оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е поповолна во споредба
со претходното тримесечје, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се
подобрени. Во наредниот период се очекува зголемување на продажните цени.


Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат
следните фактори: зголемените трошоци за материјали со 26.8%, зголемените финансиски трошоци
(камати) со 23.3%, недостигот на опрема со 17.3% и недостигот на материјали 9.5%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика