Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во градежништвото, за економската состојба во четвртото тримесечје од 2011 година

понеделник, 06 февруари 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во четвртото тримесечје од 2011 година како понеповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна во однос на истото тримесечје од 2010 година. Оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е дека е незначително полоша во однос на претходното тримесечје, а подобра во споредба со истото тримесечје од претходната година.


Во четвртото тримесечје од 2011 година, очекувањата за бројот на вработени во наредниот период се поволни, оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е понеповолна во споредба со претходното тримесечје, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата и понатаму е незадоволителна и под нормалата. Во наредниот период се очекува зголемување на продажните цени.


Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат следните фактори: немањето доволна побарувачка со 16,9%, зголемените трошоци за материјали со 16,0%, зголемените финансиски трошоци(камати) со 15,8%, конкуренцијата во сопствениот сектор со 11,0% и друго со 10,3%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика