Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во градежништвото за економската состојба во третото тримесечје од 2011 година

понеделник, 14 ноември 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во третото тримесечје од 2011 година како поповолна во однос на претходното тримесечје, како и во однос на третото тримесечје од 2010 година. Оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е незначително полоша во однос на претходното тримесечје, а подобра во споредба со истото тримесечје од претходната година.
Во третото тримесечје од 2011 година, очекувањата за бројот на вработени во наредниот период се неповолни, оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е поповолна во споредба со претходното тримесечје, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата и понатаму се незадоволителни и под нормалата.
Во наредниот период се очекува продажните цени да бидат стабилни. Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат следниве фактори: зголемените трошоци за материјали со 17.7%, зголемените финансиски трошоци (камати) со 16.7%, друго (ненавремена наплата на побарувањата од инвеститорите, нелојална конкуренција во сопствениот сектор) со 12.5% и немањето доволна побарувачка со 11.5%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика