Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во градежништвото, за економската состојба во второто тримесечје од 2011 година

понеделник, 15 август 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во второто тримесечје од 2011 година како поповолна во однос на претходното тримесечје, како и во однос на второто тримесечје од 2010 година. Оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е дека се подобрува во однос на првото тримесечје од 2011 година, како и во споредба со истото тримесечје од претходната година.


Во второто тримесечје од 2011 година, очекувањата за бројот на вработени во наредниот период се поповолни, оценката за сегашната состојба со порачки е поповолна во споредба со претходното тримесечје, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата и понатаму е незадоволнителна и под нормалата, но со тенденција за подобрување.


Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат и да се зголемат вкупните порачки (договори). Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат следниве фактори: немањето доволна побарувачка со 19%, зголемените трошоци за материјали со 18.2%, недостигот на опрема со 13.3% и конкуренцијата во сопствениот сектор со 11.1%.






  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика