Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во градежништвото за економската состојба во првото тримесечје од 2011 година

петок, 13 мај 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во првото тримесечје од 2011 година како поповолна во однос на претходното тримесечје, како и во однос на првото тримесечје од 2010 година. Оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е дека се подобрува во однос на четвртото тримесечје од 2010 година, како и во споредба со истото тримесечје од претходната година.

Во првото тримесечје од 2011 година, очекувањата за бројот на вработени во наредниот период се неповолни, оценката за тековната состојба со порачките е поповолна во споредба со претходното тримесечје, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата и понатаму се незадоволителни и под нормалата, но со тенденција за подобрување.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат како и вкупните порачки (договори). Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следниве фактори: немањето доволна побарувачка со 22.6%, зголемените трошоци за материјали со 22.3%, конкуренцијата во сопствениот сектор со 12.5% и недостигот на опрема со 10.5%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov 
  




© Државен завод за статистика