Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Оценка на раководителите на деловните субјекти во градежништвото, за економската состојба во четвртиот квартал од 2010 година
понеделник, 14 февруари 2011
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во четвртиот квартал од 2010 година како поповолна во однос на претходниот квартал, а како многу поповолна во однос на четвртиот квартал од 2009 година. Оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е поповолна во однос на третиот квартал од 2010 година, како и во споредба со истиот квартал од претходната година.
Според оценките од четвртиот квартал од 2010 година, во наредниот период се очекува бројот на вработените да се намалува. Оценката за сегашната состојба со порачки е понеповолна во споредба со претходниот квартал, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата и понатаму се незадоволителни и под нормалата, но со тенденција за понатамошно подобрување. Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, а вкупните порачки (договори) да се зголемат.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат следниве фактори: немањето доволна побарувачка со 17.5%, зголемените трошоци за материјали со 16.8%, друго со 12.9% и недостигот на опрема со 12.6%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 847
е-пошта:
ketrin.strezovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика