Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во градежништвото, второ тримесечје 2018

среда, 18 јули 2018


Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба
во второто тримесечје од 2018 година е поголем за 0.2 процентни поени во однос на првото тримесечје од 2018
година, а зголемен е за 0.2 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2017 година.


Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни во однос на претходното тримесечје.

 
Очекувањата за бројот на вработени се дека ќе се зголеми.


Оценката за економската состојба во второто тримесечје од 2018 година е поповолна во однос на претходното
тримесечје, а поповолна и во однос на второто тримесечје од 2017 година. Сегашната состојба со порачки (договори)
на нивните деловни субјекти е понеповолна, додека оценката за финансиската состојба е поповолнa во однос на
претходното тримесечје.


Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата
и опремата се над нормалата.


Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори:
зголемени трошоци за материјали со 21.1 %, нема побарувачка со 20.6%, конкуренција во сопствениот сектор со
13.7 % и зголемени финансиски трошоци (камати) со 11.8 %.






  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика