Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во градежништвото, прво тримесечје 2018

среда, 18 април 2018


Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба
во првото тримесечје од 2018 година е поголем за 0.1 процентен поен во однос на четвртото тримесечје од 2017
година, а е зголемен за 0.7 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2017 година.
Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни во однос на претходното
тримесечје.
Очекувањата за бројот на вработени се дека ќе останe речиси непроменет во наредните три месеци.
Оценката за економската состојба во првото тримесечје од 2018 е понеповолна во однос на претходното тримесечје,
а е еднаква како во првото тримесечје од 2017 година. Сегашната состојба со порачки (договори) на нивните
деловни субјекти е понеповолна, додека оценката за финансиската состојба е поповолнa во однос на претходното
тримесечје.
Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата
и опремата се над нормалата.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори:
нема побарувачка со 21.8 %, зголемени трошоци за материјали со 20.9 %, конкуренција во сопствениот сектор со
17.0 % и неповолни временски услови со 11.3 %.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика