Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во градежништвото, четврто тримесечје 2017
четврток, 18 јануари 2018
Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во четвртото тримесечје од 2017 година е помал за 0.1 процентен поен во однос на третото тримесечје, а е зголемен за 0.7 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2016 година.
Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се понеповолни во однос на претходното тримесечје.
Очекувањата за бројот на вработените се дека ќе се зголеми во наредните три месеци.
Оценката за економската состојба во четвртото тримесечје од 2017 е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2016 година. Оценката за сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти е поповолна, додека оценката за финансиската состојба е понеповолнa во однос на претходното тримесечје.
Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата.
Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 19.8%, нема побарувачка со 15.0%, конкуренција во сопствениот сектор со 11.4 % и зголемени финансиски трошоци (камати) со 11.2 %.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика