Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во градежништвото, прво тримесечје од 2017 година
вторник, 11 април 2017
Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во првото тримесечје од 2017 година е зголемен за 0.1 процентен поен во однос на претходното тримесечје, а e зголемен за 1.3 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2016 година.
Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се речиси на еднакво ниво како во претходното тримесечје, а очекувањата за бројот на вработени се дека ќе се зголеми во наредните три месеци.
Оценката за економската состојба во првото тримесечје од 2017 е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на првото тримесечје од 2016 година. Оценката за сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти, како и оценката за финансиската состојба, се поповолни во однос на претходното тримесечје.
Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во првото тримесечје од 2017 година се над нормалата.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 20.7%, нема побарувачка со 17.0%, конкуренција во сопствениот сектор со 10.6% и неповолни временски услови со 10.1%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика