Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во градежништвото, четврто тримесечје од 2016
четврток, 12 јануари 2017
Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во четвртото тримесечје од 2016 година е зголемен за 0.2 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а е зголемен за 2.0 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2015 година.
Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни, а очекувањата за бројот на вработени се дека ќе се намали во наредните три месеци.
Оценката за економската состојба во четвртото тримесечје од 2016 е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна е и во однос на четвртото тримесечје од 2015 година. Оценката за сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти е речиси на еднакво ниво како во претходното тримесечје, а оценката за финансиската состојба е понеповолна во споредба со третото тримесечје од 2016 година.
Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во четвртото тримесечје од 2016 година се над нормалата.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 18.9%, зголемени финансиски трошоци (камати) со 14.8%, конкуренција во сопствениот сектор со 12.5% и нема побарувачка со 12.5%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика