Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во градежништвото, прво тримесечје 2016
среда, 04 мај 2016
Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во првото тримесечје од 2016 година е зголемен за 0.8 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 1.6 процентни поени е зголемен во однос на истото тримесечје од 2015 година.
Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработени во наредните три месеци.
Оценката за економската состојба во првото тримесечје од 2016 е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на првото тримесечје од 2015 година. Оценката за финансиската состојба и оценката за тековната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти се поповолни во споредба со претходното тримесечје.
Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во првото тримесечје од 2016 година се над нормалата.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 22.0%, зголемени финансиски трошоци (камати) со 19.4%, недостиг на обучен кадар со 12.9% и зголемени трошоци за труд со 12.5%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика