Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во градежништвото, четврто тримесечје 2015
петок, 05 февруари 2016
Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во четвртото тримесечје од 2015 година е зголемен за 0.4 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 2.0 процентни поени е зголемен во однос на истото тримесечје од 2014 година.
Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни, а очекувањата за бројот на вработени се дека ќе остане ист во наредните три месеци.
Оценката за економската состојба во четвртото тримесечје од 2015 е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна е и во однос на четвртото тримесечје од 2014 година.
Оценката за финансиската состојба и оценката за сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти се понеповолни во споредба со претходното тримесечје.Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во четвртото тримесечје од 2015 година се над нормалата.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 18.9%, зголемени финансиски трошоци (камати) со 17.8%, зголемени трошоци за труд со 13.0% и недостиг на обучен кадар со 12.5%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 652
е-пошта:
ketrin.strezovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика