Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во градежништвото, трето тримесечје 2015
петок, 13 ноември 2015
Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во третото тримесечје од 2015 година е зголемен за 0.3 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 1.8 процентни поени е зголемен во однос на истото тримесечје од 2014 година. Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи и очекувањата за бројот на вработени се дека ќе се зголемат во наредните три месеци. Оценката за економската состојба во третото тримесечје од 2015 е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на третото тримесечје од 2014 година. Оценката за финансиската состојба и оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е поповолнa во споредба со претходното тримесечје. Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во третото тримесечје од 2015 година се над нормалата. Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемените трошоци за материјали со 20.3%, зголемените финансиски трошоци (камати) со 20.0%, недостигот на обучен кадар со 14.6% и зголемените трошоци за труд со 14.3%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 652
е-пошта:
ketrin.strezovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика