Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во градежништвото, второ тримесечје 2015

петок, 14 август 2015


Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на
доверба во второто тримесечје од 2015 година е зголемен за 0.1 процентeн поен во однос на претходното
тримесечје и исто така зголемен за 1.7 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2014 година.
Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се дека ќе се зголемат во наредните три
месеци, а очекувањата за бројот на вработените се дека ќе остане на исто ниво во наредниот период.
Оценката за економската состојба во второто тримесечје од 2015 е речиси на еднакво ниво како во претходното
тримесечје, а поповолна во однос на второто тримесечје од 2014 година, оценката за финансиската состојба на
нивните деловни субјекти е дека е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а оценката за сегашната
состојба со порачки (договори) е поповолнa споредено со претходното тримесечје.
Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, a бројната состојба и квалитетот на
механизацијата и опремата во второто тримесечје од 2015 година се над нормалата.
Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните
фактори: зголемени финансиски трошоци (камати) со 18.3%, зголемени трошоци за материјали со 16.8%,
недостиг на обучен кадар со 13.0% и зголемени трошоци за труд со 10.5%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 652

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика