Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во градежништвото, прво тримесечје 2015

петок, 15 мај 2015


Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на
доверба во првото тримесечје од 2015 година е зголемен за 1.2 процентни поени во однос на претходното
тримесечје, а за 2.3 процентни поени е зголемен во однос на истото тримесечје од 2014 година.
Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се дека ќе се зголемат во наредните три
месеци, како и очекувањата за бројот на вработени во наредниот период.
Оценката за економската состојба во првото тримесечје од 2015 е поповолна во однос на претходното
тримесечје, а поповолна и во однос на првото тримесечје од 2014 година, оценката за финансиската состојба
на нивните деловни субјекти е дека е поповолна во однос на претходното тримесечје, а оценката за сегашната
состојба со порачки (договори), исто така, е поповолнa во однос на претходното тримесечје.
Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на
механизацијата и опремата во првото тримесечје од 2015 година се над нормалата.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните
фактори: немањето побарувачка со 21.6%, зголемените трошоци за материјали со 15.5%, конкуренцијата во
сопствениот сектор со 13.1% и зголемените финансиски трошоци (камати) со 12.9 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 652

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика