Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во градежништвото, за економската состојба во четвртото тримесечје од 2014 година

петок, 13 февруари 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти од областа на
градежништвото ја оценија економската состојба во четвртото тримесечје од 2014 година како поповолна во
однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на четвртото тримесечје од 2013 година. Оценката
за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е дека е на исто ниво како во претходното тримесечје, а
подобра во споредба со четвртото тримесечје од претходната година.


Во четвртото тримесечје од 2014 година, очекувањата за бројот на вработените во наредниот период се
на еднакво ниво како и во претходното тримесечје, оценката за тековната состојба со порачки (договори)
е понеповолна во споредба со претходното тримесечје, очекувањата за вкупните порачки (договори) во
наредните три месеци се дека ќе се зголемат, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата
се над нормалата. Во наредниот период се очекува да се намалат продажните цени.


Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните
фактори: немањето на побарувачка со 21,8%, неповолните временски услови со 15.5%, конкуренцијата во
сопствениот сектор со 12.2% и зголемените трошоци за материјали со 11.0%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 652

е-пошта:  dragan.nedelcin@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика