Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во градежништвото, за економската состојба во третиот квартал од 2010 година

понеделник, 15 ноември 2010


поред податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во третиот квартал од 2010 година како малку понеповолна во однос на претходниот квартал, како и во однос на третиот квартал од 2009 година. Оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е дека е понеповолна во однос на вториот квартал од 2010 година, како и во споредба со истиот квартал од претходната година.

Во третиот квартал од 2010 година, очекувањата за бројот на вработени во наредниот период се дека ќе се намалува, оценката за сегашната состојба со порачки е поповолна во споредба со претходниот квартал, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата и понатаму е незадоволнителна и под нормалата, но со понатамошна тенденција за подобрување.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, а вкупните порачки (договори) да се намалат. Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност и понатаму имаат следниве фактори: зголемените трошоци за материјали со 16.1%, немањето доволна побарувачка со 15.3%, зголемените финансиски трошоци (камати) со 14.4% и недостигот на опрема со 12.4%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика