Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Оценка на раководителите на деловните субјекти во градежништвото за економската состојба во првиот квартал од 2010 година
понеделник, 17 мај 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во првиот квартал од 2010 година како поповолна во однос на претходниот квартал, а во однос на првиот квартал од 2009 година како понеповолна. Оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е дека се подобрува во однос на четвртиот квартал од 2009 година, но сè уште е понеповолна во споредба со истиот квартал од претходната година.
Во првиот квартал од 2010 година, очекувањата за бројот на вработени во наредниот период се многу оптимистички, оценката за сегашната состојба со порачки е поповолна во споредба со претходниот квартал, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата и понатаму се незадоволителни и под нормалата, но со тенденција за подобрување.
Во наредниот период се очекува продажните цени да останат непроменети и да се зголемат вкупните порачки (договори). Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност и понатаму имаат следниве фактори: немањето доволна побарувачка со 16.9%, недостигот на опрема со 14.9%, зголемените финансиски трошоци (камати) со 14.2% и зголемените трошоци за материјали со 13.3%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 847
е-пошта:
ketrin.strezovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика