Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во градежништвото за економската состојба во второто тримесечје од 2014 година

петок, 15 август 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти од областа на
градежништвото ја оценија економската состојба во второто тримесечје од 2014 година како поповолна во
однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на истото тримесечје од 2013 година. Оценката за
финансиската состојба на нивните деловни субјекти е дека е подобра во однос на претходното тримесечје, а
подобра и во споредба со истото тримесечје од претходната година.
Во второто тримесечје од 2014 година, очекувањата за бројот на вработени во наредниот период се поволни,
оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е поповолна во споредба со претходното тримесечје, а
бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се подобрува и е над нормалата. Во наредниот
период се очекува продажните цени да се зголемат.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат следните
фактори: недоволната побарувачка со 19.5%, зголемените трошоци за материјали со 14.1%, зголемените
финансиски трошоци (камати) со 13.4% и конкуренција во сопствениот сектор со 11.8%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 647

е-пошта:  dragan.nedelcin@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика