Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Оценка на раководителите на деловните субјекти во градежништвото, за економската состојба во првото тримесечје од 2014 година
петок, 16 мај 2014
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во првото тримесечје од 2014 година како понеповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна во однос на истото тримесечје од 2013 година. Оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е дека е подобра во однос на претходното тримесечје, а подобра и во споредба со истото тримесечје од претходната година.
Во првото тримесечје од 2014 година, очекувањата за бројот на вработените во наредниот период се поволни, оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е на исто ниво како претходното тримесечје, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се подобрува и е над нормалата.
Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат.Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат следните фактори: немање на побарувачка со 20.2%, зголемените финансиски трошоци(камати) со 14.4%, конкуренцијата во сопствениот сектор со 14.1% и зголемените трошоци за материјали со 12.3%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 847
е-пошта:
ketrin.strezovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика