Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Оценка на раководителите на деловните субјекти во градежништвото за економската состојба во третото тримесечје од 2013 година
четврток, 07 ноември 2013
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во третото тримесечје од 2013 година како поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на истото тримесечје од 2012 година. Оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е дека е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а подобра во споредба со истото тримесечје од претходната година. Во третото тримесечје од 2013 година, очекувањата за бројот на вработените во наредниот период се понеповолни, оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата е над нормалата. Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат. Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат следните фактори: конкуренцијата во сопствениот сектор со 19.3%, немањето на побарувачка со 19.1%, зголемените трошоци за материјали со 15.7 % и зголемените финансиски трошоци (камати) со 12.1%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 847
е-пошта:
ketrin.strezovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика