Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Вредност на договорените и извршените градежни работи во странство, јануари − септември 2019 година

петок, 15 ноември 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари − септември 2019 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 4 006 451 илјада денари, што е за 249.1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 210 912 илјади денари, што е за 80.7 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Големиот пад на вредноста на извршените градежни работи се должи на завршувањето на градежните активности на објектите во Босна и Херцеговина на крајот од минатата година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во  Германија, Црна Гора и Бугарија. Вредносните податоци за периодот јануари − септември 2019/2018 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 53,6887 денари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика