Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, март 2020 година
петок, 08 мај 2020
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март 2020 година е намален за 7.7 процентни поени во однос на февруари 2020 година и изнесува 15.0, а во однос на март 2019 година е намален за 5.7 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во март 2020, во однос на февруари 2020 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во март 2020 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на март 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2020 година изнесува 67.3 % од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 19.5 %, недоволната странска побарувачка со 18.5 %, неизвесното економско опкружување со 14.8 % и недоволната домашна побарувачка со 11.3 %.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+ 389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика