Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, февруари 2017
среда, 15 март 2017
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во февруари 2017 година е за 0.5 процентни поени понизок во однос на претходниот месец, а во однос на февруари 2016 година е зголемен за 2.7 процентни поени. Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари 2017, во однос на јануари 2017 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готови производи сe намалени во однос на претходниот месец. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во февруари 2017 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна во однос на февруари 2016 година. Оценката за бројот на вработени е дека ќе остане речиси ист. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2017 година изнесува 65.1% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21.8%, недоволната домашна побарувачка со 19.9% и недостигот на квалификувана работна сила со 18.3%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика