Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Бројот на издадени одобренија за градење во април 2010 година изнесува 233

петок, 04 јуни 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2010 се издадени 233 одобренија за градба што е за 11.4% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 102 581 илјади денари што е за 9.3% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 184 (79.0%) се наменети за објекти од високоградба, 23 (9.9%) за објекти од нискоградба и 26 (11.1%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 233 објекти, на 183 (78.5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 50 објекти (21.5%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 662 стана со вкупна корисна површина од 47 905 м2.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 653

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика