+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Број на издадени одобренија за градење во декември 2010 година

понеделник, 07 февруари 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2010 се издадени 288 одобренија за градба што е за 5.0% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 532 322 илјади денари што е за 21.1% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 232 (80.5%) се наменети за објекти од високоградба, 29 (10.1%) за објекти од нискоградба и 27 (9.4%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 288 објекти, на 210 (72.9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 78 објекти (27.1%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 858 станови со вкупна корисна површина од 68 339 м2.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 751

е-пошта:  natasa.cenova@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика