Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, март 2018 година

понеделник, 14 мај 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2018 се издадени 211 одобренија за градење, што е
за 45.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 678 288 илјади денари,
што е за 76.0 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период беше издадено одобрение за
градење на магистралниот гасовод - делница 2, Неготино (Кавадарци) – Битола.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 119 (56.4 %) се наменети за објекти од високоградба, 35 (16.6 %)
за објекти од нискоградба и 57 (27.0 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 211 објекти, на 116 (55.0 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 95 (45.0 %) објекти инвеститори
се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 342 станови со вкупна корисна површина од 27 398 м2 .





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика