+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, јануари 2015

петок, 06 март 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2015 се издадени 236 одобренија за градење
што е за 68.6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.


Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 578 227 илјади
денари што е за 35.8% помалку во однос на истиот месец од претходната година.


Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 153 (64.8%) се наменети за објекти од високоградба,
26 (11.0%) за објекти од нискоградба и 57 (24.2%) за објекти за реконструкција.


Од вкупно 236 објекти, на 166 (70.3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 70 објекти (29.7%)
инвеститори се деловни субјекти.


Во извештајниот период е предвидена изградба на 383 станови со вкупна корисна површина од 35 209 м2.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 751

е-пошта:  natasa.cenova@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика