Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2024 година се издадени 321 одобрение за градење,
што е за 22.7 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 855 367 илјади денари,
што е за 4.8 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 193 (60.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 56
(17.5 %) за објекти од нискоградба и 72 (22.4 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 321 објект, на 200 (62.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 121 (37.7 %) објект инвеститори
се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 013 станови, со вкупна корисна површина од 72 506 м2.