+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, јуни 2020 година

петок, 14 август 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2020 година се издадени 273 одобренија за градење, што е за 35.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 12 913 000 илјади денари, што е за 469.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Зголемената предвидена вредност се должи на фактот дека во наведениот период се издадени одобренија за градење на објекти од нискоградбата со поголеми вредности, како магистралниот транспортен гасовод во Пелагонискиот Регион, делница 5 од магистралниот гасовод во Полошкиот Регион, биогасната и ветерна електроцентрала во Вардарскиот Регион, далноводот од Битола до македонско-албанската граница во Југозападниот и во Пелагонискиот Регион.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 142 (52.0 %) се наменети за објекти од високоградба, 54 (19.8 %) за објекти од нискоградба и 77 (28.2 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 273 објекти, на 159 (58.2 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 114 (41.8 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 519 станови, со вкупна корисна површина од 45 634 м2.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика