Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Животен стандард
Во периодот април - јуни 2010 година, просечната нето-плата ја покриваше вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци, а најголем остаток од 40.5% е забележан во мај 2010 година
петок, 10 септември 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот април - јуни 2010 година едно четиричлено домаќинство беше во можност со една просечна нето-плата да ја наполни месечната потрошувачка кошница за исхрана и пијалаци.
Просечната нето-плата по работник за април 2010 година изнесуваше 20 449 денари, при што трошоците за исхрана и пијалаци беа пониски од просечната нето-плата за 7 794 денари, односно 38.1%.
Просечната нето-плата по работник за мај 2010 година изнесуваше 20 798 денари. Со вкупните трошоци за исхрана и пијалаци од 12 378 денари за задоволување на останатите потреби остануваат 8 420 денари, односно 40.5%.
Просечната нето-плата по работник за јуни 2010 година изнесуваше 20 424 денари. Вкупните трошоци за исхрана и пијалаци изнесуваа 12 170 денари и беа пониски од просечната нето-плата за 8 254 денари, односно 40.4%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 837
е-пошта:
stase.nolev@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика