Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, декември 2011 г.

вторник, 28 февруари 2012


 
Државниот завод за статистика, на почетокот на 2011 година, ја примени новата Национална класификација
на дејностите - НКД Рев.2 за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатена бруто-
плата.
Месечните индекси на просечната исплатена бруто-плата по вработен за 2010 година се преработени според
новата Национална класификација на дејностите - НКД Рев.2.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата
по вработен, во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, изнесува 99.7.
Ваквото намалување се должи, пред сè на намалувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата
по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (9.9%), Информации и комуникации (5.3%) и
Административни и помошни услужни дејности (2.8%).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Информации и комуникации (39.9%), Стручни, научни и технички дејности (17.8%) и
Административни и помошни услужни дејности (12.9%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2011 изнесува 31 338 денари.
Во декември 2011 година, 3.0% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика