Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, јули 2017 гoдина

четврток, 21 септември 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата
по вработен, во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, изнесува 101.5.


Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (9.4%), Рударство и вадење на камен (8.6%) и
Информации и комуникации (5.2%).


Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.1%), Снабдување со вода; отстранување на отпадни
води, управување со отпад и дејности за санација на околината (4.8%) и Снабдување со електрична енергија,
гас, пареа и климатизација (3.7%).


Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2017 изнесува 33 328 денари.


Во јули 2017 година, 1.3% од вработените во Република Македонија не зеле плата.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика