Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, изнесува 113.2.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен
во секторите: Образование (19.3 %), Уметност, забава и рекреација (18.9 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително
социјално осигурување (17.3 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (5.1 %), Земјоделство, шумарство и рибарство (4.3 %) и
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.3 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во август 2024 година, изнесува 61 806 денари.