Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, јануари 2024 година

четврток, 21 март 2024


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, изнесува 116.8.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (28.4 %), Снабдување со вода;
отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19.7 %) и Земјоделство,
шумарство и рибарство (19.2 %).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Градежништво (10.6 %), Преработувачка индустрија (5.0 %) и Трговија на големо и трговија на мало;
поправка на моторни возила и мотоцикли (3.2 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јануари 2024 година, изнесува 59 392 денари.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика