Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, изнесува 116.6.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен
во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.4 %), Снабдување со електрична
енергија, гас, пареа и климатизација (22.4 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со
отпад и дејности за санација на околината (20.0 %).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (7.6 %), Рударство и вадење на камен (6.1 %), Финансиски дејности
и дејности на осигурување (4.4 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2023 година, изнесува 57 609 денари.