Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, октомври 2023 година

четврток, 21 декември 2023


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, изнесува 117.7.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (26.8 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20.8 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (20.3 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (7.7 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (6.3 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (4.7 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2023 година, изнесува 58 349 денари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика