Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, изнесува 113.4.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен
во секторите: Градежништво (21.9 %), Информации и комуникации (18.7 %) и Објекти за сместување и сервисни
дејности со храна (17.1 %).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Транспорт и складирање (9.9 %), Рударство и вадење на камен (9.5 %) и Дејности во врска со недвижен
имот (5.1 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2023 година, изнесува 50 486 денари.