Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува 113.5.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен
во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (18.6 %), Објекти за
сместување и сервисни дејности со храна (18.0 %) и Административни и помошни услужни дејности (17.7 %).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.6 %), Објекти за сместување и
сервисни дејности со храна (3.7 %) и Уметност, забава и рекреација (3.2 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2022 година, изнесува 49 397 денари.